Алчевски го напушти Израел и се пресели во Србија

Македонскиот голман Марко Алчевски ќе има нов клуб откако нашиот интернационалец реши да го напушти Израел и да ја продолжи кариерата во редовите на ОФК Белград.

Алчевски е член на Хапоел Ерусалим откако минатата сезона пристигна од Струмица, но не доби шанса каква што заслужува бранејќи само на два натпревари. Сепак, челниците на ОФС се оптимисти дека можат да го извлечат максимумот од Македонецот, па експресно договорија да го доведат на позајмица на една сезона од израелскиот тим.

ОФК го продаде својот прв голман Балша Поповиќ во Олимпијакос, а информациите од Србија говорат дека овој тим планира да му даде шанса на Алчевски како стартен голман во наредната сезона.

Се вчитува...