Тренерот на Јувентус, Масимилијано Алегри, постави ултиматум до раководството на италијанскиот првак за останување во Торино. Тој сака нов четиригодишен договор, со драстично зголемување на платата до 5 милиони евра по сезона, но и многу поголеми овластувања во делот за одлучувањето за новите засилувања и за продажбата на фудбалерите.
Досега тоа го нема добиено ниту еден тренер во италијанскиот шампионат, тоа е пракса во менаџерската улога на тренерите во Премиер – лигата, а сериозно ги загрозува позициите на Џузепе Марота и на Павел Недвед, кои се задолжени за спроведување на клупската политика. Токму овој потег на Алегри е оценет како чекор кон заминување од клубот.
За италијанскиот стратег има одреден интерес од премиерлигашот Арсенал како можен наследник на Арсен Венгер, но се наоѓа и во долгата листа на кандидати за нов тренер на Барселона.
Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови и фотографии), како и нивно линкување НЕ е дозволено без согласност од Редакцијата на ЕКИПА