Масимилијано Алегри не го криеше разочарувањето по неочекувениот убедлив пораз од Емполи, но и од новата изречена санкција на Јувентус, со одземање на десет бода од салдото на „старата дама“.
Информацијата за најновата одлука на спортскиот суд беше донесена само десетина минути пред почетокот на мечот со Емполи, што е крајно несоодветен тајминг според Алегри.
„Ние сме Јувентус и секогаш мораме да играме најдобро што можеме, да победуваме или барем да се обидеме да победиме. Денеска потфрливме и не сакам да барам изговори, но дознавањето за казната непосредно пред натпреварот секако имаше свое влијание. Би сакал еднаш и засекогаш конечно да се реши, ова веќе станува смешно. Одземени бодови, вратени бодови, повторно одземени бодови, се за само неколку месеци. Сега казна на две кола пред крајот, навистина немам соодветен коментар за сите овие случувања, но ние ќе продолжиме да се бориме за што подобар пласман до крајот на сезонава“, изјави Алегри.
Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови и фотографии), како и нивно линкување НЕ е дозволено без согласност од Редакцијата на ЕКИПА