Алегри бесен на Влаховиќ: Погреши и ќе биде казнет

Резултатската криза во Јувентус уште повеќе се продлабочи по денешното реми со Џенова, меч на кој „старата дама“ не искористи неколку шанси и на крајот мораше да се задоволи со само еден освоен бод (0-0).

Трагичар на мечот беше Душан Влаховиќ, Србинот промаши зицер со глава, а нешто подоцна доби и црвен картон, откако набрзина му беа покажани два жолти картона поради критикување на судиските одлуки.

„Влаховиќ направи грешка и ќе биде казнет од клубот за своето однесување. Немам што друго да додадам“, изјави тренерот Алегри.

Бидејќи стануваше збор за два жолти, а не директен црвен картон санкцијата ќе изнесува еден меч неиграње, што значи дека Влаховиќ нема да може да настапи на гостувањето против Лацио закажано за 30 март.

Се вчитува...