Јувентус синоќа ја оправда фаворитската улога, откако успеа да го совлада Сасуоло со убедливи 3-0 во Торино. „Старата дама“ одигра одлично во одбанрата и нападот, а на теренот, меѓу тимот дополнително се виде и една поинаква енергија и атмосфера од претходната сезона.
Тренерот на Јуве, Масимилијано Алегри беше одушевен од победата и изјави дека ова е важен старт за неговиот тим.
„Ди Марија имаше проблем со адукторот пред една недела. Можеби требаше да го заменам на 3-0, но видов дека уживаше. Со Закарија тоа е само грч, ништо повеќе. Сакавме победнички да ја почнеме сезоната, овој клуб почнува нова етапа во својата ера“, изјави Алегри.
Алегри ги коментираше и двата гола на Душан Влаховиќ, еден од најкритикуваните играчи минатата сезона.
„Душан е многу среќен, но некогаш треба да ги подобри своите одлуки на теренот“, рече Алегри.
Сампдорија следниот викенд е вториот ривал на Јуве во новата сезона во Серија А.
Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови и фотографии), како и нивно линкување НЕ е дозволено без согласност од Редакцијата на ЕКИПА