Алегри даде зелено светло: Миленикот се враќа назад во Милан

Милан е на добар пат да осигура значаен потпис за јануарскиот преоден рок откако преговорите со Тијаго Силва влегоа во завршна фаза.

Бразилскиот ветеран објави дека по истекот на договорот (31 декември 2025) си заминува од Флуминенсе, инсистирајќи на трансфер во Европа за да се обиде со добри игри во силна лига да го убеди Карло Анчелоти да го вклучи на списокот играчи за СП 2026.

Силва покажа интерес да се врати во Милан, клуб за кој со успех настапуваше oд 2009 до 2012 година пред да биде продаден во ПСЖ, како трансфер на кој „росонерите“ инсистираа за да ја затворат огромната дупка во буџетот. Бразилецот секогаш имаше само позитивни зборови за италијанскиот гигант, па кога се укажа можноста за камбек тој стави приоритет на разговорите со „росонерите“.

Се чекаше на зелено светло на Алегри, тренер на Милан го „аминувал“ овој трансфер, па се очекува Тијаго Силва до крајот на годинава да потпише на шест месеци со својот поранешен клуб, по што на 1 јануари 2026 и официјално да се пресели на „Сан Сиро“.

Се вчитува...