Јувентус заокружи уште една разочарувачка сезона во Серија А, па на лето тимот од Торино подготвува целосен ремонт. Алегри сака да го засили тимот за следната сезона да се бори за Скудетото и му посочил на раководството дека сака четири засилувања.
Првото заислување треба да биде Ди Марија, кој ќе формира напаѓачко трио заедно со Киеза и Влаховиќ. На средината на теренот најголема желба е Милинковиќ-Савиќ, а би требало да пристигне и Леандро Паредес од ПСЖ.
Што се однесува до одбраната најголема желба е Милан Скриниар од Интер. Тој трансфер ќе биде тешка мисија за „старата дама“, а како алтернатива се споменува Габриел од Арсенал.
Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови и фотографии), како и нивно линкување НЕ е дозволено без согласност од Редакцијата на ЕКИПА