Јувентус по огромна битка славеше на домашен терен против Фиорентина со 1-0, прекинувајќи ја серијата слаби резултати во Калчо-лигата.
За тренерот Масимилијано Алегри ова беше јубилеен 200. триумф како предводник на „старата дама“, со што трофејниот стручњак се наоѓа на третото место на листата на најупешни тренери во историјата на Јувентус, зад Џовани Трапатони (319 победи) и Марчело Липи со 227 победи.
„Сите зборуваат колку е важно да играме убаво, но во фудбалот се бројат бодовите и победите, затоа беше многу значајно денеска да оствариме резултат. Не беше лесно, нашите двајца дефанзивци имаа многу работа со Влаховиќ, но покажавме напредок во играта во однос на последниот домашен пораз од Сасуоло. Имавме и напредок во карактерот, бевме пожестоки во дуелите и почесто ги добивавме оние топки кои важат за 50-50. Среќен сум за Ругани, кој речиси и да не играше цела година, како и за Пелегрини, кој влезе во игра и одлично си ја заврши работата“, изјави Алегри.
Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови и фотографии), како и нивно линкување НЕ е дозволено без согласност од Редакцијата на ЕКИПА