Јувентус го загуби финалето (1-4) во Лигата на шампионите од Реал Мадрид. Беше рамноправен ривал во првото полувреме, но во вториот дел имаше драстичен пад во играта што „кралевите“ знаеја да го искористат. Тоа е уште едно загубено финале за „старата дама“ во евлитното европско клупско натпреварување.
Тренерот Масимилијано Алегри вели дека вториот примен гол, кога Кашемиро од голема далечина го совлада Буфон, делувал демотивирачки на неговите фудбалери.
„Веднаш на почетокот морам да им честитам на моите фудбалери. Имавме одлична сезона, ги освоивме првенството и Купот на Италија, и стигнавме до финалето на Лигата на шампионите. Бевме одлични во првиот дел. Примивме гол, но и се вративме, имавме игра. Во вториот дел, откако го примивме вториот гол, не успеавме да останеме мирни. Не го искористивме тој период од играта за да се воздигнеме и повторно да возвратиме. Но, ова не е крај на кругот. Буфон и Барѕалји и другата сезона ќе бидат со нас, ќе научиме од овие грешки, сигурно дека можеме да бидеме и многу подобри, и по одморот, ќе се подготвиме добро за новата сезона. Фудбалот затоа е убав, ти дава нова шанса следната сезона“, изјави Алегри по поразот од Реал Мадрид во Кардиф.
Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови и фотографии), како и нивно линкување НЕ е дозволено без согласност од Редакцијата на ЕКИПА