Јувентус и четврти едноподруго натпревар не знае за победа во Серија А, ремизирајќи викендов со екипата на Рома.
Многумина се незадоволни во Торино, посебно навивачи, па постојано се актуелни приказните за заминување на Масимилијано Алегри. По завршувањето на мечот беше јасно дека не е задоволен од играта на своите избраници, не штедејќи ги пред се Душан Влаховиќ и Киеза.
„Во фудбалот не оди секогаш како што сте замислиле. Паднавме по поразот дома од Удинезе. Очигледно Интер е подобар од нас, и тоа е тоа… Факт е дека оваа пролет Душан Влаховиќ, Кен и Киеза не беа во добра форма, се повреди Рабио, а имаше и низа инциденти кога Милик беше исклучен. Се се тоа негативни околности за нас, но клучно беше што Влаховиќ и Киеза не беа во добра форма“ – истакна Алегри како оправдание за лошите резултати на тимот.
Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови и фотографии), како и нивно линкување НЕ е дозволено без согласност од Редакцијата на ЕКИПА