Aлегри го напушти Јувентус?!

Тренерот на Јувентус, Масимо Алегри пред крајот на тренингот го напушти тренинг центарот на клубот, што предизвика големо внимание и полемики во јавноста.

Тој порано го напушти тренинг центарот,  а снимката набрзо се најде на социјалните мрежи, благодарение на што стана предмет на контроверзии. Многумина сметаат дека неговото заминување од Јувентус е веќе завршена работа, а ова видео само го потврди тоа.

Торинскиот клуб пред две вечери го освои Купот на Италија, а стрелец на единствениот гол на натпреварот беше српскиот репрезентативец Душан Влаховиќ, но шокот дојде по мечот, кога Алегри вербално се пресмета со локалните новинари, кои со месеци го критикуваа.

Сепак, и покрај овој освоен трофеј, никој не е убеден дека Алегри ќе продолжи да биде тренер на Јувентус и следната сезона.

Се вчитува...