Алегри го сака Бонавентура во „црно-бело“ од следната сезона

Италијанскиот калчолигаш Јувентус во финишот на сезоната се обидува да го сочува шампионскиот пехар во своите витрини во трката со Наполи, но тренерот Масимилијано Алегри веќе размислува и за засилувањата кои следната сезона би можеле да пристигнат во Торино.

Алегри го „пикира“ Џакомо Бонавентура од Милан како можно засилување за средниот ред на Јувентус. Тој пристигна на „Сан Сиро“ во 2014 година од Аталанта за сума од 7 милиони евра, а го доведе токму Алегри, кој шест месеци подоцна доби отказ од Милан и подоцна седна на клупата на Јувентус.

„Старата дама“ е подготвена да плати 25 милиони евра за Бонавентура, а Милан сепак добро ќе размисли за негова продажба затоа што ова лето треба да ги задоволи барањата на финансискиот фер-плеј на УЕФА. Бонавентура оваа сезона постигна осум гола и има две асистенции во дресот на „росонерите“.

 

Се вчитува...