Алегри го сака Рабио во Милан

Масимилијано Алегри е заинтересиран да го доведе својот поранешен соиграч од Јувентус, Адриен Рабио, во Милан. Тренерот бара нов играч од средниот ред со карактеристиките на Французинот: некој што може да ја носи топката, да напредува и да се вклучува во напади за да го промени темпото на средниот ред. Затоа е подготвен да достави понуда за него.

Во прилог оди и караницата во соблекувалната во која учествуал Рабио, меѓутоа тренерот на францускиот тим Роберто де Зерби ја спушти топката и го врати во тимот, а го продаде другиот фудбалер кој учествуваше во тепачката.

Наполи, исто така, се интересираше за поранешниот играч од средниот ред на „бјанконерите“, а сега и Милан е во игра и размислува да направи потег за Французинот пред крајот на преодниот рок.

Се споменува дека Милан е подготвен во спротивен правец да го прати Исмаел Бенасер, за да го привлече играчот од средниот ред, меѓутоа според француските медиуми таква можност ќе биде одбиена од Марсеј.

Се вчитува...