„Алегри имаше договор со Реал Мадрид, но поради семејството се врати во Јувентус“

Агентот на Масимилијано Алегри, Џовани Бранчини потврди дека тренерот на Јувентус бил многу блиску до назначување на тренерската клупа на Реал Мадрид во летото 2021 година.

Тој откри дека Алегри и покрај договорените услови, ги одбил „кралевите“ само поради тоа што добил понуда да се врати во Јувентус, и поради семејството се одлучи да направи „кам-бек“ во Торино.

„Се беше договорено со Реал Мадрид, но на крајот со тешко срце се одлучи да го откаже трансферот. Ова беше болно и неочекувано за двете страни. Тој не потпиша со клуб кој му понуди многу повеќе, но семејството му беше на прво место, се одлучи да се врати во Италија. Тогаш се поклопија многу работи: доби понуда да се врати во Јувентус, и се реши за Торино. Одлуката му ја соопштив на извршниот директор на Реал Мадрид. Да бидам исркен за мене тој трансфер ќе беше голема сатисфакција, но причината беше толку сериозна и човечка што моравме да ја прифатиме“, рече Бранчини.

Алегри беше тренер на Јувентус од 2014 до 2019, а потоа две години беше без ангажман. Беше поврзуван со многу клубови, а во 2021 година се реши да се врати во гигантот од Торино.

Се вчитува...