Алегри: Интер е силен тим, но миланското дерби е сосема поинаков натпревар

Италија е во исчекување на миланското дерби, кое е на програмата утре во кое Интер ќе фигурира како домаќин против Милан.

Пред овој натпревар своите очекувања ги искажа тренерот на Милан, Масимилијано Алегри. Алегри смета дека и покрај силината на Интер, на ова дерби не победувале секогаш посилните екипи.

„Ќе биде одлична вечер. Ќе се соочиме со многу силен тим, фаворит за Скудетото заедно со Наполи, кој победи на 11 од последните 12 натпревари. Тие се искусен тим со технички вешти играчи, но дербито е секогаш повеќе од обичлен натпревар. Ќе треба да играме добро и да бидеме фокусирани. Ваквите големи натпревари даваат наплив на адреналин и возбуда кога се подготвуваме за нив. Треба да се фокусираме на мечот, но да не се плашиме да играме. И Интер и ние сме во добра форма. Ги знаеме нивните технички квалитети. Тие се најдобриот тим во Серија „А“ во однос на шутевите кон голот, и примаат најмалку голови. Затоа треба да играме добро“, рече Алегри.

Се вчитува...