Интер се наоѓа во криза во изминатите неколку кола од Калчо-лигата, но Масимилијано Алегри сепак им ја препушта на „нероаѕурите“ фаворитската улога во пресрет на големото дерби што ќе се игра вечерва во Торино.
Јувентус има само еден бод помалку од Интер (но и меч повеќе) и има можност да ги мине „нероаѕурите“ на табелата, но Алегри на прес-конференцијата пред дербито изјави дека за него „нероаѕурите“ остануваат фаворити за шампионскиот трофеј.
„Очигледно Милан игра добар фудбал, исто така и Наполи, но за мене Интер останува фаворит за скудетото. Барем до недела навечер, а се надевам дека ќе им ги замрсиме сметките. Не сакам Јуве да го вбројуваат меѓу кандидатите за титулата бидејќи наша цел е влез меѓу најдобрите четири и учество во ЛШ следната сезона. За тоа место се бориме со Аталанта и нема да ни биде нималку лесно до крајот на сезонава, затоа и мораме да атакуваме на триумф на сите средби, вклучувајќи го и дербито со Интер“, изјави Алегри.
Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови и фотографии), како и нивно линкување НЕ е дозволено без согласност од Редакцијата на ЕКИПА