Јувентус го губи здивот во трката за шампионската титула со Интер, по вчерашниот пораз пред своите навивачи од Удинезе со 0-1 во 24. коло од Серија А.
„Старата дама“ остана шокирана, останувајќи и без планираните три бода против нископласираниот Удинезе на кого бодовите му беа потребни, пак, во битката за опстанок. Тренерот Масимилијано Алегри по мечот изјави дека Интер во моментов е класа за себе, а дека на клубот му е цел сезонава топ 4.
„Во текот на сезоната нормално е да има падови. Во првото полувреме игравме добро, но не можевме да постигнеме гол. Удинезе е тим кој многу се потпира на физичката способност. Силни се во статични ситуации, а имаат и технички играчи, па ни беше тешко. Амбицијата да останеме блиску до Интер ни даде мотивација, но како што сум кажал и претходно, Интер игра одлична сезона и заслужува пофалби. Го започнаа својот проект со Антонио Конте пред многу години, и нормално е да бидат фаворити. Јувентус пред две години тргна по друг пат, нашата цел е прво да се вратиме во Лигата на шампионите“, изјави Алегри.
Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови и фотографии), како и нивно линкување НЕ е дозволено без согласност од Редакцијата на ЕКИПА