Тренерот на Јувентус, Масимилијано Алегри, нема намера да го напушти кормилото на тимот од Торино ова лето. И покрај богатата понуда од Саудиска Арабија, сепак, искусниот Италијанец ја одбил и ќе остане дел од „бјанконерите“.
Според „Газета“, тој веќе имал разговори со челниците на Јувентус за неговата иднина, каде им соопштил на челниците дека сака да остане во Торино, и покрај тоа што во Саудиска Арабија би имал тројно поголема плата.
Алегри е тренер на Јувентус од 2021 година, откако се врати на кормилото на најтрофејниот италијански тим. Во штотуку завршената сезона заврши на 7. место во Серија „А“, но по одземени 10 бодови поради финансиски малверзации.
Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови и фотографии), како и нивно линкување НЕ е дозволено без согласност од Редакцијата на ЕКИПА