Нов пораз на Јувентус во Серија А. Овој пат од Верона. Тренерот Масимилијано Алегри повеќе не зборува за скудетото, но по натпреварот беше прилично изнемоштен и тотално незадоволен.
На прашањето за шансите за Скудетото, шесткратниот освојувач на Серија А изгледаше изненаден со оглед на тоа што неговиот тим заостанува 13 бода зад водечките тимови, кои имаат и натпревар помалку.
„Зборовите во овој момент се излишни. Ние сме во тешка ситуација. Мора да ја прифатиме реалноста дека во овој момент сме тим на средината на табелата. Од оваа ситуација можеме да излеземе со поголема решителност и квалитет. Ова е добар тим, но работите не одат секогаш онака како што сте планирале во фудбалот. Мора да реагираме со гордост и решителност. Мора да почнеме да играме како тим. Тоа што играчите го носат дресот на Јувентус не е гаранција дека ќе ги победиме екипите од средината на табелата. Во овој момент Јувентус не е подобар од Верона“ изјави Алегри.
Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови и фотографии), како и нивно линкување НЕ е дозволено без согласност од Редакцијата на ЕКИПА