Алегри: Карактерот се гради кога се излегува од криза

Масимилијано Алегри и Јувентус беа шокирани на синоќешниот дуел со Емполи, на кој „старата дама“ загуби на домашен терен од новиот второлигаш со 0-1.

Трофејниот стручњак се уште е без триумф по првите две кола по камбекот во Јувентус, свесен дека најтрофејниот италијански клуб е далеку од посакуваниот ритам.

„Добро го почнавме натпреварот, создадовме убави шанси од кои за жал не постигнавме ниту еден погодок. Потоа следеше голот на противникот од кој не се рехабилитиравме. Тактички не бевме лоши, знаевме дека Емполи остава многу простор на крилата, но не можевме да го искористиме тоа. Премногу се грешеше, и тоа почетнички, оние технички грешки што се праве беа неверојатни. Не може да се влегува во меч очекувајќи дека веднаш ќе поведеме. Напротив, треба да сме тим што е способен да се врати од секаква ситуација. Карактерот на екипата се гради токму при излезот од кризни моменти. Јас верувам дека имаме квалитет, оваа екипа е многу силна, веќе загубивме пет бода, но ќе продолжиме да работиме за што поскоро да се вратиме во победнички ритам“, изјави Алегри.

Се вчитува...