Италијанскиот првак Јувентус денеска го очекува гостување кај последнопласираниот тим на табелата во Серија А, составот на Пескара, а тренерот Масимилијано Алегри најави дека ќе му даде одмор на искусниот чувар на мрежата Џанлуиџи Буфон. „Старата дама“ следната седмица ќе гостува на „Камп Ноу“ против Барселона во реваншот од четвртфиналето на Лигата на шампионите, па стратегот сака да го има Буфон свеж за овој дуел. На денешниот меч против Пескара шанса на голот ќе добие Нето.
Во одбраната нема да биде ниту Бонучи поради суспензија, а одмор ќе добие и Сами Кедира во средниот ред. На негово место Алегри има неколку опции, Лемина, Ринкон, Маркисио, но затоа најави дека во нападот повторно ќе се потпре на одличното трио Манџукиќ – Игуаин – Дибала.
Јувентус има шест бода предност на врвот на табелата во Серија А во однос на Рома, која денеска на „Олимпико“ ја пречекува Аталанта.
Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови и фотографии), како и нивно линкување НЕ е дозволено без согласност од Редакцијата на ЕКИПА