Манчестер Јунајтед будно ќе ги следи резултатите и играта, а во случај наскоро да не биде видлив напредок, промената е неизбежна.
Англиските медиуми истакнуваат дека раководството на Јунајтед веќе некое време кокетира со потенцијални замени, а прв во низата наводно е – Масимилијано Алегри!
Италијанецот го напушти Јувентус на крајот од минатата сезона, бидејќи неговата игра не беше на ниво, иако во два мандати на Јувентус му донесе пет скудета и Куп на Италија.
Тој и претходно беше поврзуван со Манчестер Јунајтед, но конкретни преговори никогаш не се одржаа. Сега ситуацијата е поинаква, Алегри е без работа, а на пазарот нема многу опции, иако Томас Тухел се уште е слободен, но Германецот летово го одби Јунајтед.
И италијанските медиуми од свои извори посочуваат дека Макс Алегри е подготвен за нов почеток. Пропадна можноста тој да биде повторно дел од Милан, со оглед дека „росонерите“ имаат други решенија.
Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови и фотографии), како и нивно линкување НЕ е дозволено без согласност од Редакцијата на ЕКИПА