Алегри ќе се жени со преубавата Амбра

Јувентус победува, освојува шампионски титули, но тоа е веќе здодевна работа во Италија. Медиумите откриваат дека тренерот Масимилијано Алегри (51), кој важи за голем заводник на Апенините, ќе се жени со својата избраничка, Амбра Анџолини (41). Таа е позната ТВ – водителка и пејачка на „чизмата“, двојката се забавува три години, а Алегри сега и официјално ја побарал за своја идна сопруга.

Амбра зад себе има еден брак со Франческо Ренга, познат кантавтор во Италија од кого се раздели во 2015 година, и две деца, Јоланда (14) и Леонардо (12).

Италијанските медиуми откриваат дека Масимилијано Алегри ја побарал раката на Амбра од нејзиното семејство и дека свадбата интензивно се подготвува…

 

Се вчитува...