Масимилијано Алегри не го криеше разочарувањето од поразот од Реал Мадрид, со кој Јувентус се најде на работ на елиминација од Лигата на шампионите. Ова беше прв домашен пораз на „старата дама“ во ЛШ по пауза од пет години, од тимот од кого Јуве лани беше поразен во финалето во Кардиф.
„Мислам дека нашиот пристап беше подобар отколку во финалето, добро париравме се до црвениот картон. Да не заборавиме дека при 0-1 слободниот удар на Дибала заврши сантиметри крај дирекот. Потоа следеше исклучувањето, па евроголот на Роналдо со што целосно паднавме психолошки. Неслучајно Реал беше шампион во три од последните четири сезони во ЛШ, знаевме дека кога играте со овој ривал треба да имате малку среќа, но и Роналдо да нема своја вечер. Денеска ништо не одеше во наша полза“ – изјави Алегри, разочаран по убедливиот пораз.
Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови и фотографии), како и нивно линкување НЕ е дозволено без согласност од Редакцијата на ЕКИПА