Тренерот на Јувентус, Масимилијано Алегри, вели дека мали се шансите Кристијано Роналдо да биде подготвен за првиот натпревар од четвртфиналето во Лигата на шампионите против Ајакс. Роналдо се повреди на мечот меѓу Португалија и Србија во квалификациите за Европското првенство 2020.
Иако од клубот од Торино првично соопштија дека еден од најдобрите фудбалери во светот ќе биде подготвен за првиот дуел против Ајакс, најновите информации велат дека Португалецот најверојатно ќе го пропушти мечот во Амстердам.
„Кристијано работи напорно како би се вратил на терените. Се надевам дека ќе биде подготвен за мечот со Ајакс, но, искрено, тоа е многу тешко остварливо“, вели Алегри.
Кристијано Роналдо сигурно ќе ги пропушти мечевите со Емполи и со Милан во Серија А, а остануваме да се види дали ќе биде подготвен за настап во четвртфиналето од Лигата на шампионите.
Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови и фотографии), како и нивно линкување НЕ е дозволено без согласност од Редакцијата на ЕКИПА