Јувентус и Милан ремизираа без голови во дербито на 6. коло во Серија А. Двата тима имааа изгледни шанси да постигат гол и да стигнат до трите бода, но на крајот мораа да се задоволат со само освоен бод.
Тренерот на Милан, Масимилијано Алегри изрази задоволство од играта во одбрана, но напомена дека неговите играчи мораат да бидат поконкретни пред голот.
„Не видов како Пулишиќ го изведе пеналот. Пеналите некогаш ги промашувате, некогаш ги погодувате и тоа е во ред. Имавме шанси. Можевме да бидеме поагресивни во одредени клучни моменти. Позитивно е тоа што не примивме гол. Играта на Модриќ со топка беше неверојатна. Леао мора да ги користи тие топки, мора да ни даде повеќе“, изјави Алегри.
Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови и фотографии), како и нивно линкување НЕ е дозволено без согласност од Редакцијата на ЕКИПА

