На адреса на Масимилијано Алегри, пристигнаа многу критики од страна на поранешниот играч на Јувентус, Леонардо Бонучи. Бонучи си замина од Јувентус и премина во Унион Берлин, и притоа кажа дека Алегри е виновникот за такво нешто. Дури се закани и со тужба кон својот поранешен тим.
Алегри, пак, даде „дипломатска“ изјава во врска со Бонучи, и му посака се најдобро во понатамошната кариера.
„Немам што да кажам повеќе за Бонучи. Само ќе му посакам успех во фудбалот и надвор од него. На Бонучи му посакувам среќа во крајот на кариерата. Тој отиде во клуб кој ќе игра во Лигата на шампионите, и важно ќе биде мотивиран. Лео не создаде војна во клубот. Беше донесена одлука каква што беше донесена и тоа е дел од животот. Драго ми е што ќе игра во ЛШ“, рече Алегри.
Во однос на Погба, Алегри коментираше:
„Жал ми е за Погба, но нема што да кажам. Освен да чекаме. Засега е суспендиран, и треба да чекаме да заврши целиот процес“, изјави тренерот на Јувентус.
Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови и фотографии), како и нивно линкување НЕ е дозволено без согласност од Редакцијата на ЕКИПА

