Масимилијано Алегри, тренерот на Јувентус, истакна дека е задоволен од новата победа во Серија А против Лече на гостински терен, а ги пофали своите фудбалери за одиграната партија.
За „старата дама“ беше многу важен триумф, бидејќи на тимот му беше потребно да се издигне по поразот во Лисабон и елиминацијата од Лигата на шампионите.
„Им кажав на момците дека во фудбалот, како и во животот, доживувате пад. Но, тогаш треба да станете. Важно е да покажете храброст. Не може секогаш да оди лошо, и би било многу полесно ако секогаш оди добро. Мора да бидете ментално силни пред да се сретнете со бурата. Но, мора да имате и здрава доза на лудило што ве инспирира. Ако бидеме премногу рационални, нема да стигнеме далеку“, изјави Алегри.
Она што дополнително ги радува Алегри и фановите е фактот што Јувентус во еден момент на теренот имаше четворица играчи до 25 години, а играа вкупно пет.
Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови и фотографии), како и нивно линкување НЕ е дозволено без согласност од Редакцијата на ЕКИПА