Алегри „напаѓа“ во гости: Бакнежи за новата девојка Амбра среде Рим

Масимилијано Алегри (50) е максимално посветен на својата работа како шеф на стручниот штаб на Јувентус и реди победи во Серија А, но исто така наоѓа време и за љубовта. „Стариот лисец“ важи за голем љубовџија во Италија, и е познат по своите врски со познати водителки и манекенки. Негова нова љубов е Амбра Анџолини (40), позната актерка и пејачка, која исто така се испроба и во водителските води.

Алегри синожа беше „уловен“ од папараците во Рим, каде ја изведе Амбра на романтична вечера. Потоа, секако, следеа и серија бакнежи…

Се вчитува...