Тренерот на Јувентус, Масимилијано Алегри се наоѓа под голем притисок по лошата резултатска серија и елиминацијата на Јувентус од Лигата на шампионите, па се чини дека триумфот над Интер доаѓа во вистински момент за да се врати позитивната атмосфера во соблекувалната и меѓу фановите.
По победата во големото дерби, ја истакнал главната разлика во играта на Јувентус, во споредба со натпреварите на кои не беа постигнати посакуваните резултати.
„Формацијата ни даде одредена стабилност, но главната разлика беше што тимот работеше заеднички, се бранеше добро, знаеше кога треба да се игра пожртвувано и го правеше тоа 95 минути. Нашата колективност беше кобна за гостите … Претходно ќе одигравме 30 минути и потоа го намалувавме интензитетот. Сега е поинаку, дури и во тешките моменти и тоа е многу важно. Имавме среќа во првиот дел, но на крајот се исплатеше борбеноста и проактивноста“, изјавил Алегри.
Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови и фотографии), како и нивно линкување НЕ е дозволено без согласност од Редакцијата на ЕКИПА