Со поразот на гостувањето кај Бенфика (4-3) во Лигата на шампионите, Јувентус ја загуби шансата да презими во елитното натпреварување.
Сепак, тренерот Масимилијано Алегри не гледа причина за фаталистички тврдења.
„Ова не би го нарекол дебакл. Порази има и во фудбалот. Жал ни е и бесни сме. Пристапот беше повеќе од погрешен. Влеговме премногу меко во одбраната. Доброто е што тимот го заврши натпреварот на добар начин, така што не се работи за физичка подготовка. Мора да продолжиме да работиме“, вели Алегри.
Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови и фотографии), како и нивно линкување НЕ е дозволено без согласност од Редакцијата на ЕКИПА