Јувентус се наоѓа во сериозна криза откако „старата дама“ загуби на домашен терен од Бенфика, сериозно намалувајќи си ги шансите за пласман во следната фаза од Лигата на Шампионите.
Синоќешниот дуел беше само продолжение на серијата бледи изданија на Јувентус, откако „црно-белите“ пред само неколку дена едвај стигнаа до реми на домашен терен со аутсајдерот Салернитана. Навивачите се погласно бараат смена на Масимилијано Алегри, но стратегот на Јувентус тврди дека не чувствува никаков притисок.
„Немам страв од отказ, ниту пак чувствувам некаков притисок поради последните резултати. Вакви работи се нормални во фудбалот, има добри и лоши серии, она што треба да го направиме е да работиме непорно и да ја промениме ситуацијата во наша полза. Исто така, имаме голем број повредени играчи, се надевам дека што поскоро ќе ни се вратат“, изјави Алегри.
Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови и фотографии), како и нивно линкување НЕ е дозволено без согласност од Редакцијата на ЕКИПА