Алегри не е задоволен од Леао: Знае да заспие кога игра лево…

Рафаел Леао повторно го постигна победничкиот гол за Милан на гостувањето против Калјари, но и покрај трите бода тренерот Алегри не пропушти да го критикува португалскиот голгетер за она што го покажа на мечот одигран синоќа на Сардинија.

Леао почна како централен напаѓач, но на периоди се селеше на левата страна во офанзивната линија, дел од мечот што воопшто не му се допадна на Алегри.

„Кога игра на левата страна, Леао има навика да заспие одреден период, како воопшто да не се наоѓа на теренот. Тој има одлични голгетерски карактеристики за да игра топ како централен напаѓач. Денеска не беше максимално физички подготвен и не го напаѓаше просторот на вистински начин во првото полувреме. Како и да е, Леао веќе има шест гола иако пропушти неколку доста натпревари поради повреди, да беше здрав сигурно оваа бројка ќе беше уште поголема“, изјави Алегри по мечот.

Се вчитува...