Алегри: Не мислам дека недостаток на играчи е проблемот на Милан

Тренерот на Милан, Масимилијано Алегри, имаше многу да каже за својот тим по поразот од 2-1 од Кремонезе на почетокот од сезоната. Тој беше особено критичен кон одбраната за лесните голови што ги примија на натпреварот.

Иако многумина сметаат дека играчкиот кадар на Милан е „тенок“ за да се бори за висок пласман во Серија „А“, сепак, Алегри не мисли така.

„Ако го погледнеме настапот, имавме осум удари кон голот, но разликата доаѓа од решителноста со која напаѓате и се браните. Примивме два гола што можеа да се спречат, а можевме да ги избегнеме со малку поголема концентрација. За среќа, ова е само прво коло и имаме време да работиме на овие детали. Не мислам дека проблемот е во недостатокот на играчи. Кога играте во Серија А, се соочувате со тешки противници како Кремонезе, кои целосно ја заслужија победата, играјќи паметна игра во одбраната, а ние направивме две грешки. Не е работата во составот, туку во тоа да имате малку повеќе решителност, и со и без топка“, вели Алегри.

Се вчитува...