Тренерот на Јувентус, Масимилијано Алегри ќе остане на клупата на торинскиот клуб најмалку до 2025 година, односно нема никаква шанса да дојде до смена какви и да бидат резултатите до тогаш, пренесуваат италијанските медиуми.
„Газета“ пренесува дека Алегри со спортскиот директор веќе ги планира засилувањата за следната сезона, а во оваа тимот е во игр за титулата и се „брка“ со Интер за Скудетото.
Челниците на Јувентус се задоволни од работата на тренерот. Исто така неговата иднина не зависи ниту од освојувањето на титулата во оваа сезона. Во минатото имаше шпекулации за негова смена, особено минатата сезона кога Јувентус имаше сезона под очекувањата.
Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови и фотографии), како и нивно линкување НЕ е дозволено без согласност од Редакцијата на ЕКИПА