Алегри: Нема да лажам, признавам дека и јас сум виновен за неубедливата победа на Јуве

Фудбалерите на Јувентус полека се враќаат во форма по многу лошиот старт во домашното првенство, а по победата од 1-0 во дербито против Рома, тренерот на тимот Масимилијано Алегри истакна дека е примарно задоволен од фактот дека неговиот тим не прими гол.

Мозес Кен и донесе победа на „Старата дама“ од 1-0, а Рома промаши пенал во првото полувреме.

„Ми се допаѓа резултатот 1-0, тоа е добар резултат, особено ми се допаѓа фактот што не примивме гол. Игравме без Дибала, Де Лихт, Рабио, а Мората влезе на крајот. Рома е технички добра екипа, ни дадоа многу проблеми на почетокот, но ние постигнавме добар гол и станувавме подобри со текот на времето. Треба да научиме кога да го забавиме темпото на игра, тоа добро го направивме. Нема да лажам, и со некои мои одлуки придонесов натпреварот да биде послаб. Тешко е целосно да се запознаат сите играчи и нивните карактеристики, но полека напредуваме“, рече италијанскиот стручњак.

Се вчитува...