Фудбалскиот тренер на Јувентус, Масимилијано Алегри изјави дека неговата одлука била јасна, немал дилема дека Леонардо Бонучи треба да го изведе пеналот на натпреварот против Салернитана наместо Душан Влаховиќ, кој претходно го изведе пеналот.
Бонучи го промаши пеналот, кој по одбивањето го претвори во гол, кој беше поништен по прегледот на ВАР. Затоа и тој пенал го одбележа натпреварот.
„Ја донесов таа одлука бидејќи беше важен пенал и во овој случај беше подобро Бонучи да го изведе, немав дилема и јасно им кажав кој да го шутира“, изјави Алегри.
Влаховиќ оваа сезона постигна четири гола, од кои три од судиското надополнување, два од слободни удари и еден од белата точка.
Фудбалерите на Јувентус и Салернитана ремизираа 2-2.
Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови и фотографии), како и нивно линкување НЕ е дозволено без согласност од Редакцијата на ЕКИПА