По поразот од Интер, тренерот на Јувентус, Масимилијано Алегри, вели дека отсекогаш стоел на ставот дека „нероаѕурите“ се фаворити за освојување на Скудетото.
Интер сега има четири бода повеќе од Јувентус, а има и натпревар помалку против Аталанта кој ќе го одигра на 28. февруари.
„Во јуни не очекувавме да се најдеме во ваква ситуација. Среќни сме како работиме. Да, лути сме поради овој пораз, но секогаш сум велел дека Интер е фаворит за титулата и јас стојам на тоа. Ако останеме блиску, тоа е добро, а Милан исто така се мачи. Сепак, има уште многу да се игра“, изјави Алегри.
Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови и фотографии), како и нивно линкување НЕ е дозволено без согласност од Редакцијата на ЕКИПА