Алегри одново ги разочара навивачите на Јувентус: Да заминам од клубот? Ќе заминам на одмор

По сезоната за заборав во која Јувентус оствари најлош резултат години наназад навивачите на „старата дама“ бараат заминување на Масимилијано Алегри, но италијанскиот стратег нема намера да замине.

Говорејќи за тоа што следи искусниот 55-годишник се чини дека одново ги разочара навивачите неисполнувајќи им ја желбата. Алегри вели дека има уште две години во договорот и тука е да помогне. А, наместо да замине од „жешкото столче“, ќе замине на потребниот одмор.

„Нема преговори за мое заминување бидејќчи имам уште две години од договорот. На располагање сум му на клубот и ќе направам програда за работа со што го го имаме останато, како што правев и досега. Како и на сите други, сега ми е потребно малку одмор“, вели Алегри.

Се вчитува...