Алегри по лошото издание на Јуве: Да гледаме позитивно, можевме и да загубиме

Масимилијано Алегри, тренерот на Јувентус трпи многу критики поради слабата игра на неговиот тим. Денеска уште еднаш Јуве одигра слаб меч со Фиорентина, во кој среќата го спаси да не го загуби. „Виолетовите“ промашија и пенал во 44. минута, и неколку добри шанси во вториот дел кога спасуваше Перин.

Меѓутоа Алегри е мирен и смета дека ремито не е трагедија. Тој се „вадеше“ на играчите кои немале доволен број на тренинзи, или на оние кои одиграле пет меча по ред.

„Не сум лут или незадоволен поради ремито. Игравме со Ди Марија кој имаше само два тренинга, Паредес стигна вчера, Бонучи имаше исто два тренинга. Имавме играчи кои играа пет меча по ред. Да ги извадиме позитивните работи, исто така постои ризик и да ги загубиме овие натпревари“, рече Алегри.

Навивачите на Јуве веќе бараат смена на Алегри и доведување на Зинедин Зидан, сметајќи дека со ваква „старомодна“ игра, Јуве и натаму ќе биде далеку од „Скудетото“, како што е далеку во последните две години.

Се вчитува...