Јувентус продолжува да ги разочарува своите навивачи оваа сезона. Екипата од Торино ниту блиску не е до враќање на шампионските патеки, и покрај тоа што беше вратен Масимилјано Алегри да го направи тоа.
Поразот во дербито од Милан на „Сан Сиро“ ги покажа уште еднаш слабите точки на Јувентус, а веќе некое време се шпекулира за смена на Алегри.
„Игравме добро во првите 20 минути, а потоа почнавме да ја враќаме топката назад без причина. Двата гола можевме да ги спречиме. Имавме неколку ситуации во кои имавме бројчана предност во нападот, но носевме погрешни одлуки, и тоа скапо го плативме. Одигравме лошо во вториот дел. Би рекол дека паднавме и психолошки, ако се гледа бројот на грешки. Нема што да се каже, не требаше да ги дозволиме двата гола. Не бевме доволно агресивни и ги губевме дуелите“, рече Алегри.
Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови и фотографии), како и нивно линкување НЕ е дозволено без согласност од Редакцијата на ЕКИПА