Алегри: Победивме иако 35 минути правевме се погрешно…

Милан стигна до огромен триумф на дербито со Рома со минимални 1-0, меч во кој „росонерите“ беа далеку од посакуваното ниво, но сепак со голот на дефанзивецот Павловиќ успеаја да стигнат до резултатот што го посакуваат.

Тренерот Масимилијано Алегри по мечот призна дека играта не беше онака како што тој посакувал, но не го криеше задоволството што и во таква ситуација неговиот тим стигнал до победата.

„Во првите 35 минути Рома апсолутно заслужеи да води, бидејќи ние се што можеше да направиме – го направивме погрешно. Не одговоривме на притисокот на гостинот и навистина се мачевме да најдеме простор за игра. По водството подобро се организиравме во одбраната, а во средниот ред успеавме да оформиме линија од четири играчи. Во вторит дел излеговме на терен со вистински став, имавме и шанси да постигнеме втор гол, а потоа Рома тргна во нова офанзива. Имаа и пенал што не го искористија и на крајот успеавме да славиме, а тоа е она што е најважно. Парадоксално, во минатото имавме проблем во вторит полувремиња, но овојпат токму во овој дел од мечот изгледавме далеку подобро на теренот“, изјави тренерот Алегри.

Mилан со оваa победа е на делба на второто место со Интер и со Рома со по 21 бод, еден помалку во однос на лидерот Наполи.

Се вчитува...