Јувентус синоќа одигра 1-1 на гостувањето во Бергамо против Аталанта, во меч на кој „Старата дама“ може да биде задоволна и што не загуби затоа што погодокот за гостите беше постигнат во 92-рата минута.
Со овој освоен бод, тренерот на Јувентус, Масимилијано Алегри, изјави дека неговиот тим нема големи шанси да се бори за титулата во Серија А. Јувентус моментално има 46 бодови и е на четвртото место, со девет бодови помалку од лидерот Милан, осум помалку од вториот Интер и дури седум заостанување во однос на третопласираниот Наполи.
„Кој ќе го освои Скудетото? Интер. Со почит кон Милан и Наполи, но Интер има најсилен тим сезонава. Моментално се подобри од нас и тоа најмногу благодарение на тоа што на почетокот на сезоната ние загубивме многу бодови. Да имавме барем четири бода повеќе, ќе беше вистинска забава на врвот на табелата“, рече Алегри по дуелот со Аталанта.
Според Алегри, реално е Јувентус да се фокусира на броба за четвртото место во Серија А, кое е последно што носи место во Лигата на шампионите.
Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови и фотографии), како и нивно линкување НЕ е дозволено без согласност од Редакцијата на ЕКИПА