Дибала остана дома, Алегри размислува да не го води ниту Влаховиќ во Фиренца

Тренерот на Јувентус, Масимилијано Алегри размислува да не го води Душан Влаховиќ на гостувањето против неговиот поранешен клуб, Фиорентина во последното коло од Серија А, пренесуваат италијанските медиуми.

Српскиот напаѓач во зимскиот преоден рок премина од Фиорентина во Јувентус и на првото гостување кај поранешниот клуб беше бурно пречекан од навивачите на „виолетовите“. Алегри затоа размислува да го остави во Торино како не би ризикувал да добие жолт картон со кој би добил суспензија на стартот на следната сезона, бидејќи во калчолигата се пренесуваат картоните во следната сезона.

Стратегот на Јуве веќе донесе одлука Пауло Дибала воопшто да не биде во комбинација за настап на оваа средба, па Аргентинецот нема да патува со остатокот од тимот во Фиренца.

Сезонава за Јувентус помина катастрофално бидејќи не успеа да освои ниту еден трофеј, што е неприфатливо за навивачите на најтрофејниот италијански клуб.

 

Се вчитува...