Тренерот на Јувентус, Масимилијано Алегри е разочаран по црвениот картон за Кристијано Роналдо на дуелот против Валенсија, но исто така и горд на своите фудбалери кои на крајот славеа победа.
Јуве со десет фудбалери успеа да победи на „Месталја“. Медиумите, по мечот, секако најмногу ги интересираше мислењето на Алегри за црвениот картон на Роналдо…
„Може само да кажам дека ВАР системот би му помогнал на судијата да донесе исправна одлука. Да се остане со десет играчи во меч од ЛШ поради таков инцидент е разочарување. Ризикувавме поради тоа да го загубиме натпреварот, а исто така Роналдо ќе ни недостасува за следните натпревари“ – рече Алегри осврнувајќи се и на самиот натпревар:
„Не е лесно да се игра овде. Валенсија е агресивен тим, има одлична атмосфера, но на крајот заслужено победивме. По црвениот картон ништо не менував, туку едноставно продолживме да играме без напаѓач. Единствена работа која ја направивме е пронаоѓањето на Матуиди меѓу линиите, па подоцна тој испраќаше топки за Манџукиќ и Алекс Сандро“.
Двата гола во триумфот на Јувентус ги постигна Миралем Пјаниќ.
Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови и фотографии), како и нивно линкување НЕ е дозволено без согласност од Редакцијата на ЕКИПА