Наполи се искачи на второто место на табелата, славејќи над Милан со минимални 1-0 и прескокнувајќи ги на тој начин „росонерите“ во трката за највисок пласман во Серија А.
Тренерот на гостите Масимилијано Алегри реши да се коцка, па мечот го почна без Леао во стартниот тим, шанса давајќи им на Фулкруг и Нкунку наместо на Леао и на Пулишиќ. Ова придонесе „росонерите“ да бидат безопасни кон противничкиот гол, двата тима се мачеа да создадат шанси, а клучно беше влегувањето на Политано.
Италијанскиот репрезентативец одлично се снајде во 79. минута (само пет минути по влегувањето во игра), совладувајќи го Мењон за тотална еуфорија меѓу „наполитанците“. Дури по примениот гол Алегри реши да го внесе Леао, но Португалецот се вклопи во сивилото на својот тим, кој заслужено претрпе уште еден пораз.
Елмас го почна овој дуел како резерва, влегувајќи во игра во 85. минута на местото на Де Бруине.
Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови и фотографии), како и нивно линкување НЕ е дозволено без согласност од Редакцијата на ЕКИПА

