Алегри се уште не се откажува од Душан Влаховиќ

Фудбалскиот клуб Милан гледа напред и планира да го ангажира Душан Влаховиќ. Двете страни се поврзуваа неколку трансфер периоди, но Влаховиќ сè уште е во Јувентус.

Неговиот договор со „старата дама“ истекува на крајот од сезоната и тој сè уште не го продолжил. Тој моментално се опоравува од повреда и не би било изненадувачки ако повторно соработува со Макс Алегри од јуни.

До повредата, Влаховиќ одигра 13 натпревари и постигна три гола. Тој е член на Јувентус од јануари 2022 година, кога пристигна од Фиорентина за 83,5 милиони евра.

Се вчитува...