Милан на крилја на неверојатниот Лука Модриќ запиша нова победа во италијанското првенство. Во 25. коло „росонерите“ славеа со 2-1 на гостувањето кај Пиза и тоа со голот на Хрватот во 85. минута.
Пофалба за хрватскиот фудбалер по крајот на средбата имаше и тренерот Алегри.
„Немам што многу да говорам, тој е неверојатен фудбалер. Дојде тука со цел да оствари победа и сите мораме да учиме од него бидејќи е неверојатно скромен“, изјави Алегри.
Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови и фотографии), како и нивно линкување НЕ е дозволено без согласност од Редакцијата на ЕКИПА

