Масимилијано Алегри немаше славно враќање на клупата на Милан. Неговиот тим загуби од Кремонезе на домашен терен на старот од новата сезона во Серија „А“, со што навивачите испратија многу критики на адреса на тимот, во однос на играта, тактиката и залагањето.
После пропаднатиот трансфер на Виктор Бонифејс, кој во последен момент беше откажан како алтернатива во нападот, тренерот на Милан јасно им даде до знаење на челниците на клубот кој го сака како ново засилување.
Станува збор за голгетерот на Јувентус, Душан Влаховиќ кој долго време се поврзува со заминување од Јувентус, но и преселба во Милан. Оваа тема беше многу актуелна пред околу еден месец, а сега одново се актуелизира. Србинот беше поврзуван и со трансфер во некој од англиските клубови, но засега и натаму е дел од Јувентус.
Сега наводно за Алегри доведувањето на Влаховиќ е приоритет во овј преоден рок.
Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови и фотографии), како и нивно линкување НЕ е дозволено без согласност од Редакцијата на ЕКИПА

