Лече на стартот од оваа сезона е еден од најзагрозените тимови во Серија А и осуден е да се бори за опстанок до крајот на сезоната, а доказ за тоа е и фактот што овој тим оставри само една победа во првите 11 рунди.
Тимот од стадионот „Виа дел Маре“ има вкупно осум бода и е само едно место над опасната зона, па токму од таква ситуација ќе го пречека составот на Макс Алегри кој исто така не воодушевува од стартот на сезоната.
„Досега имаме одиграно 11 натпревари и бескорисно е да зборуваме за Скудетото. Мора да се насочиме само на она што го имаме денес, мора да најдеме начин да победиме. Наполи и Милан вршат неверојатни работи, а Лацио, Интер и Рома вршат значајни работи во овој старт на сезоната. Ние сме зад нив и целта е да се намали разликата. Имаме 27 натпревари да го направиме тоа, а денес е првиот кој ни доаѓа. Очекувам голем предизвик на гостувањето кај Лече, мора да го израмниме нивниот интензитет и да трчаме исто како нив. Ако е потребно, мора да бидеме подготвени и да играме валкано“, изјави Алегри.
Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови и фотографии), како и нивно линкување НЕ е дозволено без согласност од Редакцијата на ЕКИПА